Османи: Партискиот консензус е најголем предизвик за реформите

Архива: Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Најголемиот предизвик со кој во моментов се соочува Владата е постигнување партиски и национален консензус во однос на реформите содржани во планот 3-6-9 , изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи по неформална средба со бугарскиот амбасадор Иван Петков.

Османи на новинарско прашање рече дека многу од реформите кои треба да се донесат во Собранието бараат квалификувано мнозинство и оти е многу важно како опозицијата ќе се однесува во наредниот период. Тој истакна дека на ниво на Влада завршени се пакетот закони за безбедносните служби, за реформите во правосудниот систем и реформа на јавната администрација.