Почувствуван земјотрес во северозападот на Македонија

Илустрација: Сеизмограм за земјотрес

Земјотрес денеска е почувствуван во Скопје и во северозападот на Македонија, кој се случил 30 километри западно од косовскиот град Пеќ со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван во Косово, Македонија и Црна Гора.