Гутереш повика на избегнување насилства во Иран

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш

Генeралниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на избегнување насилства во Иран и побара сите протести во земјата да бидат мирни. Гутереш изрази загриженост поради развојот на ситуацијата во Иран и побара од властите на таа земја да го почитуваат правото за мирно собирање и слободно изразување. Во Иран деновиве се одржаа антивладини, но и провладини протести.