Времето денеска: умерено облачно

Во Македонија ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе се засилува. Кон крајот на денот и в четврток претпладне ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови. Температурата ќе се движи од три до 11 степени. Во Скопје ќе биде облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до седум степени.