Стапија на сила мерките против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ неодлучни, Сириските бунтовници го одбија Путин, Принцот Хари најпопуларен...

МАКЕДОНИЈА - Министерството за животна средина информациите за алармантно загадување, со што стапуваат на сила поголем број мерки и препораки против загадувањето. За целата листа на мерки и препораки можете да ја видите на https://www.slobodnaevropa.mk/a/28941653.html

МАКЕДОНИЈА - ВМРО-ДПМНЕ не донесе одлука дали пратениците ќе се вратат во Собранието. Во партиското соопштение се наведува дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координацијата одлучила во наредниов период да ги дефинира чекорите за натамошно делување. Потврдена е само поддршката за колегите пратеници кои се притворени поради насилствата во Собранието на 27 април.

СИРИЈА / РУСИЈА - Сириските бунтовнички и опозициски групи ги отфрлија мировните преговори кои спонзорирани од Русија треба да се одржат кон крајот на идниот месец. Тие ја обвинуваат Москва за воени злосторства во Сирија и за ставање на страна на сирискиот режим во шестгодишната граѓанска војна во таа земја. 40 бунтовнички и опозициски групи соопштија дека планираните преговори биле обид за заобиколување на мировниот процес предводен од Обединетите нации.

ЛИБЕРИЈА - Поддржувачи на либериската и межународната фудбалска ѕвезда Џорџ Веа ги слушаат на радио резултатите од претседателските избори во Либерија. Веа е еден од двајцата кандидати за претседателската функција во Либерија.

СРБИЈА / ХРВАТСКА - Околу 150 мигранти поставија импровизиран камп, од шатори во таканаречена ничија земја помеѓу Србија и Хрватска. Тиа бараат да преминат во Хрватска и понатаму кон други земји на Европската унија. Хрватската полиција распореди специјална едниница за справување со нереди со цел да ги запре мигрантите, вклучувајќи жени и деца, да ја преминат границата.

UKRAINE -- Prisoners of war (POWs) from the separatist self-proclaimed Luhansk People's Republic (LNR) board a bus during the exchange of captives near the city of Bakhmut in Donetsk region, December 27, 2017

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Британскиот принц Хари разговара со презентерите на Би-Би-Си Радио 4, по неговото гостување на нивната програма. Според британските медиуми, Хари, заедно со неговата вереница, во моментов се најпопуларните медиски личности во Европа.