Владата усвои предлог закон за контрола врз работата на полицијата

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Влада, архивска фотографија

Владата на вчерашната 45-та седница го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, кој има за цел да овозможи воведување на ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам. Со измените во законот, информираат од владината прес-служба, ќе се овозможи Специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Македонија во Основниот суд Скопје 1 да постапува по кривични предмети за кои, ново формираното Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во рамки на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, има надлежност да спроведува кривична истрага и гонење за кривични дела кои се однесуваат на членовите 2 и 3 од Европската конвенција за човекови права.