Македонија доби јавен обвинител, Автобус се заби подземен пешачки премин во Москва, Фемен сакаа да го украдат Исус...

МАКЕДОНИЈА - Собранието со 61 глас ЗА и еден воздржан го избра Љубомир Јовески за нов јавен обвинител на Република Македонија. Јовевски во свечената изјава рече дека ќе го почитува Уставот и законите и оти ќе работи чесно, совесно и непристрасно и на враќањето на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство.

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев изјави дека завршувањето на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и изборот на новиот лидер на партијата Христијан Мицковски треба да претставува и перспектива за државата. Заев рече дека првата прилика кога ќе има потреба од средба со Мицковски би ја прифатил и би го поканил.

РУСИЈА - Руската централна изборна комисија ја одби кандидатурата на активистот за борба против корупцијата и опозициски политичар Алексеј Навални за претстојните претседателски избори во земјата. Тој доцна синоќа ги поднесе документите потребни за регистрирање како претседателски кандидат, но доби негативен одговор.

ВАТИКАН - Топлес активистка на женското движење Фемен се обидува да ја земеме куклата Исус од постановката Раѓањето на Исус на плоштадот Свети Петар во Ватикан, за време на традиционалното обраќање и миса на папата Франциск пред Божиќ. Поглаварот на Римокатоличката црква, во својата порака ја осуди драмата на мигрантите во светот. Тој упати апел за нивно гостопримство, оценувајќи дека верата бара да се прифаќаат странци.

АВГАНИСТАН - Бомбаш самоубиец се разнел пред зградата на Авганситанската разузнавачка агенција во Кабул убивајќи најмалку шест цивили. Во овој дел од градот се наоѓа и американската амбасада во Авганистан. Одговорноста за нападот ја презедоа милитантите на Исламската држава.

РУЗИЈА - Најмалку четири луѓе се загинати и 13 други се повредени, откако автобус излета од патот и се заби во подземен пешачки премин во главниот руски град Москва, соопшти полицијата. Властите велат дека патници и пешаци се меѓу жртвите. Руските власти ја отфрлија можноста за терористички напад, велејќи дека се сомневаат во механичка грешка или дека возачот ја загубил контролата над автобусот

ГЕРМАНИЈА - Членови на германското здружение Берлински фоки, облечени во облека на Дедо Мраз, се капеа во езерото Оранкезе во Берлин. Со леденото капење, десетици години на назад тие го одбележуваат почетокот на прославата на католичкиот Бижиќ.