Убиство во Чаир, Нови превирања во ВМРО-ДПМНЕ, Путин ѝ се понуди на Србија за Косово, Бразилски танчерки за папата...

МАКЕДОНИЈА - Повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои основачи на партијата, пратеници и други функционери во јавното писмо посочија дека се фаворизира еден кандидат за претседател на партијата и побараа на претстојните состаноци на највисоките тела на партијата да бидат прифатени предлозите за зголемување на бројот на делегатите кои ќе го бираат првиот човек на партијата и Конгресот да се одложи за февруари следната година.

МАКЕДОНИЈА - 24-годишно момче на улицата Џон Кенеди во скопската населба Чаир. Со автоматска пушка било пукано во момчето во моментот кога излегувало од автомобил кај автобуската постојка пред средното училиште Цветан Димов.

МАКЕДОНИЈА - Филип Петровски, член на ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на партијата, изјави дека целосно ги поддржува предлозите на група истакнати членови за нефаворизирање на кандидат за претседател, за одложување на Конгресот и за колективно претседателство на партијата. Според Петровски, фаворизираниот кандидат е генералниот секретар Христијан Мицковски и тој нема поддршка од членството на партијата, а доколку се одржи Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ викендот во Валандово тој ќе биде нелигитимен.

РУСИЈА - Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на ЕУ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ наведувајќи оти за тоа добил потврда од рускиот претседател Владимир Путин. Вучиќ е во официјална посета на Москва за зацврстување на соработката.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со републиканците, го слави усвојувањето на даночните реформi. Aмериканскиот Сенат, предводен од републиканците, ја усвои фискалната реформа, односно даночните олеснувања што ги вети Трамп. Станува збор за најголемата реконструкција на даночниот систем на САД во изминативе над 30 години.

ВАТИКАН - Бразилски танчерки настапуваат пред папата Франциск, за време на главната аудиенција во катедралата Павле Шести, пред католичкиот Божиќ. Поглаварот на римокатоличката црква е во постојана служба по повод претстојните божиќни празници и секоја миса ја користи за да повика да престанат воените конфликти и насилство во светот.