Владата го утврди законот за ратификација на Договорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров на прес-конференција во Влада по усвојување на текстот за договорот со Бугарија

Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Како што информира владината прес-служба, Предлог-законот ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија. Овој договор го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август годинава во Скопје и ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван во парламентите на двете земји.