Во железничка несреќа во САД најмалку тројца загинати

патнички воз излетал од надвозник и паднал на автопат јужно од Сиетел, 18.12.2017.

Најмалку три лица загинале кога патнички воз излетал од надвозник и паднал на автопат јужно од Сиетел, во американската држава Вашингтон, соопштија локалните власти. Се страхува дека бројот на жртвите би можело да биде поголем. Возот се движел со брзина од 130 километри на час кога дошло до несреќата. Во него имало 78 патници и пет членови на екипажот. Се уште се испитуваат причините за несреќата.