Затворени училиштата и градинките во Техеран поради смогот

Смог во Техеран

Иранските власти ги затворија училиштата и ги откажаа сите спортски настани во околината на Техеран поради густиот смог што го покри главниот град. Сите градинки и основни училишта се затворени во сите, освен во два града, во провинцијата Техеран во која живеат околу 14 милиони луѓе, објави денеска полудржавната новинска агенција Тасним.

Училиштата ќе бидат затворени и утре, а сите спортски настани закажани за утре се откажани.

Надлежните распоредија амбулантни возила и автобуси на осумте главни плоштади во Техеран, информирајќи дека болниците се подготвени да ги примат сите пациенти со респираторни проблеми.

Воведени се и ограничувања на патниот сообраќај.

Техеран е еден од најзагадените главни градови во светот. Секоја зима, поради студениот воздух и недостигот од ветер, смогот се спушта над градот.

Министерството за здравство проценува дека загадениот воздух довел до 4.500 илјади прерани смртни случаи во Техеран во 2012 и околу 80 илјади во целата земја.