Временска прогноза - Променливо облачно со дожд, на планините снег

Архивска фотографија: Улица Македонија во Скопје за време на дожд

Времето денеска е облачно со врнежи од дожд, главно со слаб интензитет. На планините над 1000 метри надморска височина има и врнежи од снег. Долж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 10 степени, а во Скопје до 6 степени целзиусови.

Најстудено утринава било во Ѓуриште, Маврово, Крушево и Лазарополе каде се измерени 0 степени. Во Скопје било 3 степени, а во Дојран и Гевгелија 8 степени.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Крива Паланка 23 литри на метар квадратен.

Утре времето ќе биде значително облачно и студено со локален слаб снег, особено на запад. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата значително ќе опадне.