ВМРО-ДПМНЕ: За името мора да има референдум

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска ги осуди изјавите на претседателот на Собранието Талат Џафери и најави дека ќе се спротивстави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бидат согласни со понуденото решение.

Џафери, во интервју за телевизијата Алсат-М, рече дека ако има волја кај парламентарното мнозинство, Собранието има легитимитет во името на граѓаните да одлучува и за спорот за името.

ВМРО-ДПМНЕ повторува дека нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија и оти нема даприфати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура.