ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред затворот во Шутка

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда во Скопје на 29 ноември 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите против притворањето нивни пратеници и активистки, како и граѓани и уметници поради насилствата во Собранието на 27 април. За во 16 часот партијата најави протест пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Тие бараат безусловно запирање на, како што велат, сите процеси на политички прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и на изживувањето кое го прави СДС и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се продолжи да се гази врз правото и демократијата во државата. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени, а граѓаните ќе живеат во држава ослободена од насилието и прогонот кои ги врши хунтата на власт“, се наведува во партиското соопштение.