ЕУ ги продолжи санкциите врз Русија поради Украина

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Европската унија ги продолжи санкциите врз Русија поради немањето напредок во мировниот процес во Украина. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на самитот на Унијата во Брисел изјави дека европските лидери биле „обединети во врска со прашањето за економските санкции врз Русија“. Европската унија се обидува да го натера рускиот претседател Владимир Путин да влијае врз сеператистите поддржани од Москва на истокот на Украина да го запрат конфилктот во таа земја.