Генерален штрајк во Грција против економските мерки

Атина: Генерален штрајк против економските мерки. 14.12.2017

Синдикатите во Грција повикаа на генерален штрајк против економските мерки и реформите во секторот за труд и социјала, јавуваат грчките медиуми. Движењето по улиците од утрово е отежнато, бидејќи во штрајкот се вклучени и вработените во градскиот транспорт: возовите не се движат, откажани се летови, а бродовите се на пристаништата. Центарот на Атина е затворен поради протести по повикот на главниот синдикат, а протести се организирани во Солун и други градови во Грција.