Хашкиот трибунал расправа за ослободувањето на Шешељ

Воислав Шешељ на прес-конференција во Белград, март, 2017.

Хашкиот трибунал денеска расправаше за ослободувањето на водачот на српските радикали Воислав Шешељ. Судот на ОН ја разгледува жалбата на Обвинителството, кое се противи на ослободувањето на Шешељ. Со ослободителната пресуда за Шешељ не е донесена правда, оцени претставник на Обвинителството.

Шешељ е обвинет дека извршил злосторства против несрпско население во Хрватска, во Војводина и во Босна и Херцеговина за време на војните во деведесеттите години на минатиот век.

За време на денешното жалбеното рочиште, Обвинителството објаснуваше зошто сметаат дека пресудата од 2016 за Шешељ треба да биде поништена. Обвинителството бара тој да биде прогласен за виновен по три точки за злосторства против човештвото и шест точки за кршење на законите или обичаите на војување и да биде осуден на 28 години казна затвор, има пак Судот да нареди ново судење.

Шешељ не присуствуваше на сослушувањето. Тој неколкупати досега има кажано дека нема доброволно да се врати во Хаг.

Минатата година Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија го ослободи Шешељ од сите обвиненија.