Ердоган повика Ерусалим да биде признаен како главен град на Палестина

Архива: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика земјите ширум светот да го признаат „окупираниот Ерусалим за главен град на Палестина“, како одговор на признавањето на поделениот град од страна на САД како главен град на Израел.

Отворајќи го самитот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, Ердоган денеска истакна дека Ерусалим е „црвена линија“ за муслиманите кои нема да прифатат било каква агресија врз нивните исламски светилишта. Тој исто така Израел го нарече „терористичка држава.“

Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас потегот на САД ставил крај на улогата на Вашингтон како мировен посредник на Блискиот Исток.

Иранскиот претседател Хасан Рохани и авганистанскиот претседател Ашраф Гани исто така беа меѓу присутните на итниот состанок, кој има за цел формирање на унифициран став по објавувањето на одлуката од страна на претседателот на САД Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел враќајќи ја назад децениската американска надворешна политика.

Потегот предизвика критики од страна на сојузниците на САД во Европа, Блискиот Исток и пошироко и предизвика судири на палестинските територии и протести во муслиманскиот свет. Палестинците го сметаат Ерусалим за нивен главен град. Израел го анектираше источен Ерусалим и го прогласи за нивен главен град.