Шекеринска во посета на Обединетото Кралство

Архива: Министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е во неколкудневна посета на Обединетото Кралство, каде ќе има средби со британскиот секретар за одбрана Гавин Вилијамсон и со министерот за Европа и Америка сер Алан Данкан.

Од македонското Министерство за одбрана соопштуваат дека Шекеринска ќе има обраќање во Европскиот совет за надворешни работи на тема „Македонија и НАТО.“ Таа ќе посети и највисоки воено образовни институции во Велика Британија, вклучително Академијата за одбрана и Кралската воена академија каде еден од дипломците е македонскиот кадет-дипломец Милош Трендевски кој ја завршува Академијата со највисоки резултати.