Трамп го потпиша законот за одбранбената политика на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го потиша законот за одбранбената политика на Соединетите држави со предвидени трошоци од 700 милијарди долари. Во законот со кој се поставуваат политичките насоки за Министерството за одбрана и за другите соодветни агенци се предвидени околу 4,8 милијарди долари за американските воени напори во Европа, поголема помош за Украина и развој на нови одбранбени ракети. Овој закон мора да биде финансиран од Конгресот кој е во длабоки преговори околу пакетот даночни реформи.