Времето денеска: претежно облачно

Во Македонија ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во вечерните и ноќните часови, во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од шест до 14 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.Температурата ќе достигне до осум степени.