Диво насеље нема да не скара, Нимиц не кажа предлог, Путин кај Ердоган го критикува Трамп, Филантропите за спас на Планетата, Рибери на суд...

БЕЛГИЈА - Медијаторот на Обединетите Нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, по разговорите во Брисел со преставниците Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, изјави дека и во Скопје и во Атина постојат индикации дека би требало да се направат интензивни напори за да се реши ова прашање. Јас не дадов никакви предлози, но се обидувам да ги олеснувам разговорите меѓу двете страни, рече Нимиц.

КОСОВО - Македонија и Косово развиваат добра соработка и ги продлабочуваат односите, а случајот Диво насеље е чувствително прашање коешто не треба да предизвика проблеми во билатералните односи, истакнаа на заедничка прес-конференција премиерите на двете земји Зоран Заев и Рамуш Харадинај во Приштина. Ова е прва официјална посета на македонскиот премиер на Косово.

ТУРЦИЈА - Фотографија од рускиот претседател Владимир Путин закачена на новогодишна елка. Путин е во официјална посета на Турција, каде со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, меѓу другото, разговарале за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим. Би сакал да истакнам дека Русија и Турција ја сметаат одлуката на САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел и за пренесување на американската амбасада во тој град не помага за решавање на ситуацијата на Блискиот Исток. Напротив, ја дестабилизира ситуацијата и онака сложената ситуацијаво регионот. Таа може во суштина да ги намали перспективите на израелско-палестинскиот мировен процес, изјавил Путин во Анкара.

СИРИЈА - Вештачка нога фотографирана во урнатините од зграда во бунтовничкиот град Дера, каде до неодамна се водеше една од најжестоките битки во завојуваната Сирија. Пентагон воздржано реагира на објавата за повлекување на значителен дел на руските сили од Сирија. Руските изјави за повлекување на силите често не одговораат со вистинското намалување на воените ефективи и не влијаат врз американските приоритети во Сирија. Меѓународната коалиција ги продолжува операциите во Сирија, изјави портпаролот на американското министерство за одбрана Едријен Ренкин Галовеј.

ИЗРАЕЛ - Палестинска двојка поминува покрај билборд со порака од произраелскота евангелистичка група пријатели на Зајон: Господ да го благослови Трамп! Нападите на милитантните муслимански групи врз израелски цели и врз израелските безбедносни сили, а по одлуката на американскиот претседател да го признае Ерусалим за главен град на Израел продолжија, на што најостро реагираше израелската авијација која срамнила со земја неколку важни пунктови на орханизацијата Хамас.

АВСТРИЈА - Едно лице загинало кога објект за дистрибуција на природен гас денеска експлодирал и се запалил, соопштија службите за итни случаи. Портпаролката на Црвениот крст Соња Келнер за Австриската новинска агенција изјави дека 18 други луѓе се повредени во експлозијата во Баумгартен, во близина на австриската источна граница со Словачка.

КАЗАХСТАН - Фотографија од автомобил со храна и вода за рударите кои протестираат во рудник во Казахстан, барајќи поголеми плати. Десетици рудари во централниот казахстански регион Карагханди одбиваат да излезат на површината, барајќи зголемување на нивните плати. Официјални лица од регионалната администрација на Карагханд соопштија дека околу 200 рудари поминале две ноќи под земја во четири рудници за јаглен во градот Шахтинск.

ФРАНЦИЈА - Филантропот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, и бизнис магнатот и сопственик на Виргин, сер Ричард Брансон, поздравуваат на заминување од состанокот на филантропите кој се одржа во рамки на самитот Една планета во Париз. На овој Самит за климатски промени светските лидери разговараа за финансирање и инвестирање во проекти за борба против глобалното затоплување.

ГЕРМАНИЈА - Фудбалската ѕвезда и играч на Баерн Минхен, Франк Рибери, беше повикан во суд, поради тврдењата дека му должи 3,5 милиони евра на неговиот поранешен агент. Судењето за случајот е одложен за во јануари.