Почина американскиот војник кој дезертираше во Северна Кореја

Архива: Поранешниот војник на САД Чарлс Џенкинс.

Дезертерот од Армијата на САД Чарлс Џенкинс, кој помина четири декади со Северна Кореја и се ожени за Јапонка киднапирана од Пјонгјанг, денеска почина на 77 годишна возраст.

Група која ги претставува семејства на киднапирани Јапонци денеска соопшти дека Џенкинс починал претходниот ден. Причината за смртта не е објавена.

Џенкинс е роден во Северна Каролина, а исчезна во јануари 1965 година патролирајќи низ Демилитаризирана зона меѓу Северна и Јужна Кореја. Тој помина 39 години во Пјонгјанг. Џенкинс се предаде на американските власти во 2004 година пристигнувајќи во Јапонија.