Двајца пакистански војници загинаа во напад на милитанти

Архива: Пакистански војник на стража во северен Вазиристан. 17.10.2017

Пакистанската армија соопшти дека двајца нејзини војници, вклучително офицер, денеска се убиени кога милитанти отвориле оган на армиско возило на патрола во северозападната племенска област северен Вазиристан. Двајцата убиени војници биле на возраст од 21 година. За сега ниту една група не презеде одговорност за нападот.

Насилството во Пакистан опадна во последните години по серијата воени офанзиви против милитантите на северозападната граница на земјата, но милитантите и натаму продолжуваат да спроведуваат смртоносни напади. На 5 декември најмалку шест луѓе беа убиени во експлозија на бомба во северен Вазиристан.