Путин и Ал Сиси разговараа за билатералните врски

Рускиот претседател Владимир Путин и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси. 11.12.2017

Рускиот претседател Владимир Путин денска во Каиро се сретна со неговиот египетски колега Абдел Фатах Ал-Сиси на разговори за проширување на врските меѓу двете земји и за регионалните прашања.

Путин изјави дека Русија е подготвена да продолжи со директни патнички летови за Египет, а оти се очекува договорот да биде потпишан во блиска иднина.

Русија ги суспендираше комерцијалните летови за Египет откако во октомври 2015 година патнички авион со руски туристи експлодираше враќајки се дома од Синајскиот Полуостров, при што загинаа сите 224 лица. Филијала на групата на Исламската држава со седиште во Синај ја презеде одговорноста за нападот.

Руските и египетските власти одржаа разговори за зголемување на безбедноста на аеродромите и за продолжување на патувањата со авион, не се уште не е постигнат договор. За време на посетата на Путин во Египет, двете земји потпишаа договор за започнување со работа на првата египетска нуклеарна централа, соопшти државната телевизија.