Пријавена експлозија во Њујорк, евакуирани неколку станици од метрото

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Експлозија во Њујорк

Полицијата во Њујорк соопшти дека регирала на извештаи за експлозија од „непознато потекло“ во Менхетен. Пријавената експлозија се случила на 42 улица и 8 авенија. Полицијата наведе дека се евакуирани неколку станици од метрото.

Медиумите известуваат дека е приведен осомничен за инцидентот. Полициски извори се цитирани кои велат дека е можно да е детонирана бомба меѓу подземниот премин и терминалот на автобуската станица.