Србија отвора уште две поглавија во преговорите со ЕУ

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, Брисел, 16,11,2017.

Србија денеска на Меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел ќе отвори две нови поглавија, 8 и 30 за правата на стопанските дрштва, односно економските односи со странство. Со тоа бројот на поглавијата што Србија ги отвори со ЕУ во претпристапните преговори оваа година ќе изнесува шест, а бројот на досега отворените е 12, од кои два се затворени привремено. Србија треба да отвори и затвори 35 поглавија од кои клучни за напредокот на патот кон ЕУ се сметаат поглавијата 23 и 24 за владеењето на правото и 35 за други прашања кои во случајот на Србија значи прашањето за Косово.