ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред затворот во Шуто Оризари

Арахивска фотографија-протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда

Поддржувачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ попладнево се собраа пред Истражниот затвор во Шуто Оризари поради, како што велат, револтот од неоснованото и неправедно притворање и во знак на поддршка на жртвите на, како што ја нарекуваат, оваа хунта. Меѓу пристутните на протестот беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Бојан Стојаноски од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати пред присутните, зборуваше за Груевски, но, не како што рече како личност, туку како збир на концепт, етички и морален кодекс и најмногу како Македонец кој никогаш не ја свиткал кичмата.

“Сценаристот и Зоран Заев мислат дека ако Никола Груевски не биде присутен на политичката сцена ќе го нема се она што преставува тој. Би сакал да им кажам и да биде така Никола Груевски како концепт и како начин на однесување ќе биде присутен надграден и проширен во секој член на ВМРО-ДПМНЕ”, вели Стојаноски.

Пратеникот Крсто Јовановски кој исто така зборуваше на протестот најави дека протестите продолжуваат и утре пред Министерството за правда во 18 часот.