Утре ќе се одржи протест во Валандово за запирање на рудникот Казандол

Архива - Блокади на клучката Валандово-Прирава-Миравци од страна на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“.

Граѓанското здружение „Спас за Валандово“ утре ќе организира протест за итно запирање на рудникот Казандол. Најавено е дека протестниот марш ќе започне точно на пладне на автобуската станица во Валандово каде каде ќе има обраќања и изнесувања на барањата за итно стопирање на, како што ги нарекуваат од иницијатавиата, рудниците на смртта, а потоа ќе се упатат по булеварот „Првомајска“ до раскрсницата Валандово-Пирава-Миравци, потврди активистот од „Спас за Валандово“ Роберт Марков.

Тој рече дека протестот ќе заврши со блокада на раскрсницата Гевгелија, Удово и Струмица која ќе биде блокирана од 13 до 15 часот.

„Во склоп на овој масовен собир на граѓаните од Југоистокот, во 15:00 часот ќе започне 'Конференција на Граѓаните Против Рудниците на Смртта' каде ќе може да слушнеме слични искуства од СТОПИРАЊЕ НА РУДНИЦИ од пријатели од Романија, како и од пријатели од соседна Грција и Бугарија“, велат од здружението „Спас за Валандово.“