Апелација одлучи - Дамовски, Јовановски и Ѓошевски остануваат во притвор

Изјави за медиумите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Игор Дурловски

Апелацискиот суд Скопје денеска ги потврди притворите за режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски.

Од Апелацискиот суд за МИА потврдија дека на денешната јавна седница адвокатите на притворените бараа укинување на притворот и одредување послаба мерка или куќен притвор.

Дамовски, Јовановски и Ѓошевски добија притвор за учество во настаните во Собранието на 27 април годинава.