НАТО со поддршка за територијалниот интегритет на Грузија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на денешната средба во Брисел на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата истакна дека станало збор за силната посветеност на организацијата за безбедноста и територијалниот интегритет на Грузија.

Тој порача дека Алијансата останува загрижена за продлабочените односи на Русија со Абхазија и Јужна Осетија. Столтенберг ја повика Русија да стави крај на признавањето на овие региони и да ги повлече своите сили од територијата на Грузија. Русија ги призна Абхазија и Јужна Осетија за независни земји по кратката војна со Тбилиси во 2008 година.