Русија ќе ја анализира забраната на Олимпијадата во Јужна Кореја

Архива - Рускиот претседател Владимир Путин со руските олимпијци на Олимпијадата во Сочи 2014 година.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Кремљ ќе ја анализира одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за забрана на Русија на претстојните Олимписки игри во 2018 година, пред да донесе било какви одлуки за идното учество на земјата.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на денешна прес-конференција рече: „треба да ги отстраниме емоциите и да направиме сериозна анализа“ пред да преземеме чекори за одлуката на МОК.

Меѓународниот окимписки комитет вчера го суспендира Олимпискиот комитет на Русија од Олимпијадата во Јужна Кореја, но на руските спортисти им е дозволено да учествуваат на Игрите. Тие ќе можат да се натпреваруваат како неутрални спортисти под името „Олимпијци од Русија“, без државно знаме и химна.

МОК и забрани учество на Русија соопштувајќи дека има докази за „системска манипулација“ на олимпискиот антидопинг систем.