Македонија ќе испрати хуманитарна помош во Албанија

Влада на Република Македонија

Македонија ќе испрати хуманитарна помош кон регионите во Албанија кои се зафатени со поплавите, соопшти Владата. Ова е решено на вчерашната седница на која беше разгледана информацијата од Амбасадата на Македонија во Тирана за состојбите со поплавите во Албанија. Владата ги задолжи Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за надворешни работи и другите надлежни институции во рок од три дена да достават предлог решение за испраќање на хуманитарната помош. Владата го разгледа и утврди и предлог – текстот на Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година, како документ отворен за натамошна надградба.