Саакашвили ослободен од полициското комбе во Киев

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Поддржувачите на Михаил Саакашвили го ослободија поранешниот грузиски претседател од полициско комбе откако украинските безбедносни сили влегоа во неговиот стан во Киев и го притворија под сомнение за помагање на криминална организација. Додека неговите приврзаници протестираа, маскирани мажи го влечеа Саакашвили од зградата. Притоа имаше судири со полицијата. До ова дојде откако неговата партија „Движење на нови сили“ организираше митинг во Киев, барајќи отповикување на украинскиот претседател Петро Порошенко. Претседателот Порошенко го назначи Саакашвили за гувернер на регионот Одеса во 2015 година. Саакашвили поднесе оставка на крајот од 2016 година, жалејќи се на неконтролираната корупција.