Почна судењето за предметот „Тотал“

Основен суд Скопје 1.

Во Кривичниот суд денеска почна судењето за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој осомничен е новинарот Драган Павловиќ-Латас за даночно затајување. Во предметот „Тотал“ Павовиќ-Латас се товари дека како сопственик и управител на фирми заедно со правни лица давале лажни податоци со намера да одбегнат плаќање даноци, со што го оштетиле буџетот.