Зголемена безбедност во Грција за посетата на Ердоган

Архива - турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Околу 5.000 грчки полицајци ќе бидат ангажирани за посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што е прва посета на турски претседател во Грција по 65 години.

Грчките медиуми известуваат дека членови на обезбедувањето на Ердоган денеска се во Атина на координација со претставници на грчката полиција кои треба да одредат мерки за претстојната посета на шефот на турската држава, која е закажана за четврток и петок.

Ердоган ќе ја посети Грција на поканата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а ќе разговараат за билатерални и регионални теми.