Сенатор бара повлекување на американските семејства од Јужна Кореја

американскиот сенатор Линдзи Греем

Влијателниот американски сенатор Линдзи Греем изјави дека војската на САД би требало да почне да ги повлекува членовите на семејствата од базите во Јужна Кореја поради растечките тензии со Северна Кореја. Овој републикански сенатор за телевизијата Си Би Ес оцени дека „сеништето на превентивната војна“ со Северна Кореја се приближува секој пат кога Пјонгјанг ќе истрела ракета или ќе изведе нуклеарна проба. Тој всушност го повтори она што во саботата го рече советникот на Белата куќа за национална безбедност Херберт Мекмастер дека „веројатноста на војната“ се прибилжува со секој изминат ден.