Иран го отвори проширеното главно пристаниште

Проширувањето на капацитетот на главното иранско пристаниште во Чахбахр овозможи годишно во Иран да пристигне товар до 8,5 милиони тони годишни, додека претходно капацитетот изнесуваше 2,5 милиони тони товар годишно. Аналитичарите сметаат дека сега пристаништето директно ќе му конкурира на пристаништето Гварвар, кое се наоѓа на 80 километри од границата во Пакистан, кое се гради со кинеска инвестиција.

Иранскиот претседател Хасан Рохани во својот говор го минимизираше ривалството и изјави дека со отворањето на новиот дел на иранското пристаниште ќе се добие поголем ангажман и единство меѓу земјите од регионот.