Лидери на Грција, Бугарија, Романија и на Србија на состанок во Белград

Лидери на Грција, Бугарија, Романија и на Србија на состанокот во Варна.

Лидери на Грција, Бугарија, Романија и на Србија в петок, 8 декември во Белград ќе имаат состанок, два месеца по самитот во Варна. По средбата во Варна, претседателот на Србија ќе биде домаќин на премиерите на Грција, Романија и Бугарија.

Четворицата лидери ќе имаат ссотанок по вторпат за да потврдат посветеност на соработката во корист на своите држави, но и останатите на Балканот, нагласуваат грчки медиуми.

Се очекува фокусот да биде економијата, транспортот, случувањата на Западен Балкан, зачувување и јакнење на регионалната стабилност и европската перспектива на државите до регионот.