ДЗС - Постои опасност од излавање на некои реки

Надојденaта река Вардар во Скопје

Покачување на нивото на водата забележано е на реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, по горниот тек на Вардар во атарот на селото Раотинце, како и на нивните притоки, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според нив, на одредени места постои опасност од излевање на водата надвор од речните корита.

Од ДЗС велат дека будно ја следат состојбата на терен, и дека силите за заштита и спасување се во состојба на зголемена мобилност, поради најавите за интензивирање на врнежите од дожд наредните денови.