Американскиот Сенат ги усвои големите даночни реформи

Американскиот Конгрес

Американскиот Сенат ги усвои големите даночни реформи, и покрај тоа што сенатската комисија утврди дека буџетскиот дефицит така ќе се зголеми за 1 билион долари.

За реформите, подготвени зад затворени врати од лидерите на Републиканците во Сенатот, не гласаше ниту еден Демократ, но Републиканците имаа мнозинство во Сенатот со 52 наспроти 48 сенатори. Законот, кој мора да биде донесен од двата дома во Конгресот и да биде потпишан од претседателот за да стапи во сила, е најголемиот ремонт на американскиот даночен систем во изминатите три децении.

Демократите велат дека корист од овие даночни реформи ќе имаат само богатите и големите бизниси на сметка на семејствата со средни приходи, како и дека тие ќе го продлабочат буџетскиот дефицит.

Со законот се предвидува намалување на корпоративната даночна стапка од 35 на 20 отсто. Претседателот Доналд Трамп смета дека тоа ќе резултира со отворање работни места од страна на американските компании и зголемување на инвестициите во САД.