Порошенко најави референдум за членството на Украина во ЕУ и НАТО

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко во телевизиско обраќање до нацијата порача дека земјата е целосно посветена на патот за европска интеграција. Според него, нема сомнеж оти во блиска иднина ќе биде спроведен референдум во Украина за членството на земјата во НАТО и во ЕУ. Тој порача дека е уверен оти украинскиот народ ќе го поддржи неговиот предлог.