Поплави во Албанија

илустрација

Состојбата со поплавите на целата територија на Албанија е алармантна, а дождот и понатаму интензивно врне, со што се зголемува нивото на водата, јави дописникот на МИА. Поради тоа целосно се ангажирани припадниците на полицијата, вклучувајќи ја и единицата за брзи интервенции, противпожарните единици, дел од армијата и вработените во здравствените установи. 50 војници помагаат во Фуш-Круја, додека група војници успеаја да спасат 13 лица во Валиас - десет цивили, од кои четири деца и тројца пожарникари, кои останаа блокирани. Поради силниот ветер предизвикани се многу дефекти во електромрежата, па голем дел од Албанија е без електрична енергија. При отстранување на дефект во градот Фиер, животот го загуби електречар, кој е прва жртва од невремето. Во земјата денеска нема настава да се одржи настава во училиштата, а нема да работат ниту градинките.