Заев и Ахмети на средба со собранискиот спикер

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Во Собрание на Македонија во моментов се одвива средба на претседателот на Парламентот Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев и претсдателот на ДУИ, Али Ахмети.

До средбата доѓа во момент кога Собраниската Комисија за деловничко и мандатно-имунитетни прашања на која треба да се разгледуваат барањата за одземање на имунитетот на шестмина пратеници испратени од Судот, сè уште не е закажана.

Претходните информации беа дека седницата на собраниската Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, која треба да расправа за барањата за одземање имунитет на шестмина пратеници кои се осомничени за учеството во насилствата на 27 април во Парламентот најверојатно нема да се одржи вечерва, а се очекува да биде закажана за утре.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА кажа дека барањата ќе бидат доставени до Комисијата онака како што е пропишано со Деловникот и дека нема потреба да се брза. Роковите и постапката ќе бидат запазени, истакна Џафери.