Хашкиот трибунал со пресуда за неколкумина лидери на босанските Хрвати

поранешниот лидер на босанските Хрвати Јадранко Прлиќ, Хашки трибунал, 29.05.2013.

Хашкиот трибунал денеска ќе ја изрече конечната пресуда за шестмина претставници на босанските Хрвати, предводени од Јадранко Прлиќ кои првостепено беа осудени на повеќегодишни затворски казни поради злосторства врз муслиманите во 1993 и 1994 година. Со првотепената пресуда во 2013 година Трибуналот му даде на Прлиќ, кој своеврмено беше премиер на самопрогласената Херцег Босна, казна затвор од 25 години. Тој и другите кои добија од 10 до 20 години затвор беа прогласени за виновни за спроведување кампања за прогон на муслиманите од осум општини во западна Херцеговина.