СДСМ-Институциите имаат законска обврска да ги расветлат настаните од 27 април

Илустрација-лого на СДСМ

Институциите имаат кредибилитет и должност да ги расветлат настаните од 27 април во Собранието, наведува во партиското соопштение СДСМ. Според владејачката партија тоа треба да се случи поради потребата од правда и владеење на правото во Македонија и за таков случај никогаш да не се повтори. СДСМ наведува и дека институциите имаат обврска да постапуваат согласно законските процедури и мора да има одговорност за сите учесници во насилството од 27 април годинава. Во партиското соопштение пишува и дека насилството на 27 април беше напад врз демократијата, врз уставниот поредок, обид за загрозување на животот на пратеници, а со тоа и напад врз сите граѓани на државата.