Принцот Хари се верил со својата девојка, свадба догодина

Британскиот принц Хари и неговата девојка Меган Маркл

Британскиот принц Хари се вери со својата девојка, американската актерка Меган Маркл, а венчавката е планирана за на пролет. Ова денеска го соопшти наследникот на британската круна, Принцот Чарлс, кој е татко на 33-годишниот принц Хари.

Хари е помладиот од двата сина што принцот Чарлс ги има со покојната принцеза Дијана.

Неговиот брат, принцот Вилијам во 2011 година се ожени со Кејт Мидлтон. Нивната свадба беше медиумски пренесувана во многу земји ширум светот.