Тепачка меѓу мигранти на Лезбос, еден загинат и неколкумина повредени

Архивска фотографија: Полиција и мигранти пред кампот за мигранти Мориа на Лезбос

Ситуацијата на грчкиот остров Лезбос излегла вон контрола по тепачка меѓу две групи авганистански бегалци при што еден човек е убиен, а неколкумина се повредени, јавуваат грчки медиуми.

Извршителот на убиството е приведен. Пред извесно време, тој бил пуштен од затвор, каде бил заради шверц на мигранти и бегалци во 2015 година. Тогаш Авганистанецот работел заедно со Грк кој исто така бил осуден.

Во тепачката учествувале повеќе од 30 луѓе. Полицијата привела 11 Авганистанци.