Во Турција уапсени 37 мигранти при обид за влез во Бугаријa

Архива

Турските гранични власти уапсија 37 мигранти во близина на градот Киркларели, кои се обиделе илегално да влезат во Бугарија. јави агенцијата БТА.

Нелегалните мигранти се криеле во близина на селата околу турско-бугарската граница.

Мигрантите биле поделени во три групи, за да можат да се движат побрзо. Тие се жители на Пакистан, Иран и Сирија.

По нивната идентификација, предадени се на Дирекцијата за миграција во Киркларели