Русија потврди радиоактивно зрачење од југоисточен Урал

илустрација

Рускиот метеоролошки завод потврди дека имало „екстремно висока“ концентрација на радиоактивен изотоп рутениум 106 во неколку делови на земјата кон крајот на септември годинава, јави новинската агенција Франс прес. Со тоа се потврдуваат информациите од Европа во почетокот на овој месец дека облак со радиоактивен изотоп рутениум 106 лебдел над Европа во октомври и оти потекнувал или од југоисточниот дел на Урал во Русија или од Казахстан. Руската метеоролшка агенција не прецизира од каде потекнувал облакот. Рутениум 106 е продукт од делење на атомите во реактор и се користи за некои медицински третмани.